Св. Атанас — археолошко наоѓалиште во прилепското село Варош. Претставува осамен наод од римското време и средновековна населба и некропола.
Местоположба
Делови од наодите се наоѓаат во црквата „Св. Атанасиј“ во Варош.
Опис
Во темелите на црквата се вградени поголем број антички сполии од мермер, и тоа делови од архитравни греди, столбови и друго. Со археолошките ископувања околу црквата се откриени повеќе слоја на живеење од населба, од XII до XIV век. Во долниот слој има траги од дрвени куќи, четвртести во основата. Над него, во средниот слој се наоѓаат остатоци од куќи ѕидани од кршен камен и кал, јами за чување на жито, работилници за топење на железна руда, како и работилници за изработка на предмети од железо и керамика. Овде се најдени предмети за секојдневна потреба (орудија, оружје, монети и друго). Во последниот слој има гробови од крајот на средновековието и турскиот период.
Поврзано Бревчина — населба од римското време; Заград — населба од железното време; Кабања — населба од римското време; Калдрма — некропола од железното и хеленистичкото време; Куќата на Ѓошеви — депо од бронзеното и железното време; Куќата на Мантови — некропола од бронзеното време; Манастир Св. Архангел Михаил — осамен наод од римското време; Маркови Кули — средновековна тврдина; Мечкина Дупка — некропола од хеленистичкото време; Падарница — некропола од римското време; Под Кули — некропола од хеленистичкото време; Попадин Дол — некропола од железното време; Св. Варвара — средновековна црква; Св. Врач — средновековна црква; Св. Димитрија — осамен наод од римското време; Св. Ѓорѓија — средновековна црква; Св. Јован — осамен наод од римското време и средновековна црква со некропола; Св. Никола — осамени наоди од римското време и средновековна црква со некропола; Св. Петар — осамен наод од римското време; Св. Харалампија — осамен наод од римското време и средновековна црква; Светец — некропола од бронзеното време; Сивастоец — средновековна некропола; Слон — населба од бронзеното време; Ташачица — населба и некропола од доцноантичкото време и средновековна населба; Црква 13 — осамен наод од римското време и средновековна црква со некропола; Црква 14 — средновековна црква; Црква 15 — средновековна црква; Црква 16 — средновековна црква и некропола; Бањиште — праисториска населба и античка бања; Бегова Нива — некропола од железното време; Куќа на Цилкоски — гроб од железното време; Маркови Кули-Градина — некропола од доцноантичко време и средниот век; Маркови Кули-Карпесто Живеалиште — праисториско карпесто живеалиште; Песјобрдце — доцноантичка населба; Роклејца — доцноантичка населба; Варош; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Варош