Пат за рајот — македонска книга составена од десет раскази и три драми напишани од Драги Михајловски. Книгата е насловена според еден од расказите и е издадена во 2017 година од издавачкото претпријатие Три.Пат за рајот на семрежното место на „Книга“.
Содржина Раскази Кола Определба Вака се решаваат работите Развод Вака се учи Кула Машина за перење Кучето Пат за рајот Лозје
Во десетте раскази Михајловски ја продолжува својата потрага по идеалното место за живеење, по некоја своја автентична утопија. Истовремено, ја развива сопствената основна линија на сликање и портретирање на стремежот од обичните луѓе кон необичното, светото, недостижното. Овој однапред очекуван неуспех се должи на ограниченоста на човекот како смртно битие кое нема што да бара во вонземското, возвишеното, боговското. Но овде, како и во претходните раскази и романи на Михајловски, овој таканаречен пат за рајот (и рајот како и царството небесно се, всушност, еден вид негативна утопија или дистопија, односно места кон кои само се стремиме, а фактички, најаве не постојат!) е кажан појасно, без многу метафори и други споредбени стилски бравури.
Драми Швајцарија на Балканите Трите самовили, стариот слепец и ќелешот Носко
„Швајцарија на Балканите“ е драматазиција на истоимениот роман од авторот, а другите две драматизации на две бајки - волшебни приказни од Марко Цепенков и од германскиот писател Вилхелм Хојф.
Поврзано Драги Михајловски Македонска книжевност
Наводи
Категорија:Дела на Драги Михајловски Категорија:Изданија на Три