„Делфинот“ — збирка раскази од македонскиот писател Александар Прокопиев. Книгата е издадена во 2018 година од издавачкото претпријатие Бегемот.„„Делфинот“
Содржина
осврт кон делото „Делфинот“ е збирка раскази на еден од македонските мајстори на прозата (мајстор и по талентот и по занаетчиското искуство што го има зад себе) – со која се исткаени расказите просто го вшмукува читателот, го возбудува до степен што тој, така маѓепсан од неговата мајсторија, станува дел од нив. […]
[…]И токму таа игра – тоа одење по конецот што ги дели имагинарното и стварностното – ја прави оваа книга заводлива. Читателот е постојано во недоумица и во некоја состојба на постојано „Хм…“, која го тера да излезе надвор од текстот и да отиде отаде сцената, во бекстејџот, за да види кој си игра со конците. Читањето на оваа книга е како водење љубов, постојано во некаква лебдечка меѓусостојба, ни ваму ни таму, ни сон ни јаве. „Делфин“ е збирка раскази во која постмодернистичката интертекстуалност, типична за некои од претходните книги на Прокопиев, е омекната со интимни засолнувања, приказни што итро се вградени во нарацијата, раскажани со класична тактика на наративност на настани со традиционални нишки.Бегемот, 2018
Наводи
Категорија:Александар Прокопиев Категорија:Дела на Александар Прокопиев Категорија:Изданија на Бегемот Категорија:Книги од 2018 година Категорија:Појавено во 2018 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 2018 година Категорија:Македонски раскази