Основно училиште „Герас Цунев“ (официјално: Основно општинско училиште „Герас Цунев“ - Просениково; скратено: ООУ „Герас Цунев“ - Просениково) — централно основно училиште во струмичкото село Просениково, Општина Струмица.
Училиштето е именувано по македонскиот партизан Герас Цунев.
Местоположба
Училиштето се наоѓа помеѓу селата Просениково и Пиперево, на оддалеченост од 4,5 километри североисточно од Струмица, поврзани со локален пат за магистралниот пат Струмица-Валандово и Струмица-Штип.
Историја
Училиштето било основано во 1953 година. Во состав на училиштето работеле шест подрачни училишта со над илјада ученици. Со децентрализацијата во 2004 година, две училишта припаднале на Општина Босилово, а четири на Општина Василево.
Настава
Наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик во 22 паралелки.
Познати личности кои учеле во ова училиште Запро Запров (р. 1947) - македонски диригент и универзитетски професор
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Основни училишта во Општина Струмица Просениково Категорија:Просениково Категорија:Основни училишта во Македонија