Стојанов Шопур — археолошко наоѓалиште во прилепското село Мелница. Претставува средновековна населба со некропола.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа во месноста Отин, оддалечена 4,5 километри северно од селото, каде има природна височинка со пад кон северозапад.

Опис

На наоѓалиштето се гледаат конструкции од гробови градени од камени плочи, со мали отстапувања во насоченоста запад-исток. Северно од гробовите има грамади од кршен камен, фрагменти од керамички садови, питоси и згура од топено железо.

Поврзано Садевите — населба од доцноантичко време; Црква Св. Димитрија — осамен наод од римското време; Пешта — праисториска населба; Мелница; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Мелница (Прилепско)