Биспинген (; долногермански: Bissen) — општина во округот Хајдекрајс, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Општината се наоѓа во средината на Линебуршкото Поле, околу 15 километри североисточно од Золтау.

Географија Местоположба

Биспинген се наоѓа во северниот дел на округот Хајдекрајс, во горниот дел на долината на Луе. До нејзе може да се стигне преку автопатот А7.

На железничката линија Линебург-Золтау, на која се наоѓа местото, нема патнички линии. Понекогаш се организираат посебни тури.

Општински единици

Општината Биспинген се состои од следниве единици:

Беринген Борстел во Куле Хафербек (Нидер- и Оберхафербек) Херпел Хицел Штајнбек/Луе Фолквардинген Вилзеде Хајдедорф Биспинген

Самиот Биспинген има 2.451 жител (состојба: октомври 2012 г.) и со тоа е најголемо село во општината.

Соседни општини

Соседни општини се Шнефердинген, Ундело, Егесторф, Зодерсторф, Релинген, Мунстер и Золтау.

Стопанство

Биспинген е омилен меѓу туристите како локално излетничко место и природен резерват.

Знаменитости

Вилзедер Берг, највисок рид во Линебуршкото Поле Дат оле Хус (Dat ole Huus), долногерманска куќа во Вилзеде, еден од најстарите отворени музеи во Германија; изградена околу 1540 година, обновена во 1742 година, преселена во Вилзеде во 1907 година Изерхаче, пејзажна градина Гробишта во Волквардинген Оле Керк („Стара црква“) од 1353 година Складиште во Фолквардинген, еден од најстарите амбари во областа, изграден во 1600 година, обновен во 2001 година Центар за картинг поседуван од возачот Ралф Шумахер СноуДом Биспинген овозможува внатрешно скијање и сноуборд, отворен во 2006 година Биспингер Хајде, забавен парк

Познати луѓе Валдемар Грубе, претприемач

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Хајдекрајс