Добри Дол — археолошко наоѓалиште во радовишкото село Воиславци. Претставува средновековна некропола. Над десниот брег од големиот и длабок Вечи Дол, со ерозијата од поројните води се откриени гробови со камена конструкција. Постојат индиции и за остатоци од сакрален објект.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 325, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Прелози — средновековна населба; Ракишин Пат — средновековна населба; Воиславци; Список на археолошки наоѓалишта во Радовишко; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Воиславци