Рамниште — археолошко наоѓалиште во скопското село Света Петка. Претставува средновековна населба и некропола. На околу 750 метри северисточно од селото се појавуваат остатоци од куќи и грамади од кршен камен. На падините јужно од наоѓалиштето и околу 150 метри северно од патот за селото Матка се гледаат остатоци од некропола — големи грубо делкани камени плочи од гробни конструкции.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 382, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Света Петка; Список на археолошки наоѓалишта во Скопско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи