Шехзаде Мехмед (; роден на во Цариград – починал на година во Цариград — отомански принц, син на султанот Ахмед I и неговата сопруга Ќосем .

Живот

Шехзаде Мехмед е роден на 11 март 1605 година во Истанбул. Тој бил втор син на султанот Ахмед I и прв на Ќосем. Во јануари 1609 година, Мехмед го започнал своето образование под старателство на Хаџе Омер Ефенди, заедно со неговиот постар брат, Осман (иден султан Осман II).

Според современите европски набудувачи, мајката на Мехмед имала идеја за негово поставување на престолот по смртта на Ахмед. Насух​-паша кој бил голем везир (1611-14), особено по бракот со Ајше Султан, ќерка на Ахмед и Ќосем во 1612 година, станал близок сојузник на својата свекрва, која очигледно сметала дека Насух може да биде од помош во обезбедувањето на наследството на Мехмед.

По смртта на татко му во 1617 година, кога Мехмед имал дванаесет години, неговиот чичко Мустафа I се искачил на престолот. Сепак, тој наскоро бил сменет и заменет од Осман во 1618 година.

Смрт

Осман го замолил шејк-ул-исламот Есад Ефенди за правно мислење за погубување на неговиот брат. Сепак, Есад Ефенди одбил да издаде правно мислење. Главниот судија на Румелија, Кемаледин Ефенди наместо него, го потврдил погубувањето на принцот. И така, на 12 јануари 1621 година, Мехмед бил погубен. Кога извршителите му го стегале јажето околу вратот, тој извикувал:

Дванаесет дена по неговата смрт, силен снег паднал во Истанбул, што се сметало за порака на Алах кон Осман бидејќи го убил својот брат. Осман наредил погубување на Мехмед пред да го напушти главниот град и да замине во полската кампања.

Мехмед бил погребан покрај неговиот татко во неговиот мавзолеј кој се наоѓа во Сината џамија, Истанбул

Наводи

Категорија:Отоманска династија Категорија:Отоманци од 17 век Категорија:Отомански Турци Категорија:Луѓе од Цариград