Шнефердинген (; долногермански: Snevern) — мал град во округот Хајдекрајс, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа во областа Линебуршко Поле.
Географија Местоположба
Шнефердинген се наоѓа во средишниот дел на Линебуршкото Поле, помеѓу Золтау на југ, Ротенбург (Виме) на запад и Буххолц во Нордхајде на север. Источно од градот се наоѓа Природниот парк Линебуршко Поле.
Градски единици
Градот има вкупно 10 единици. Покрај самото јадро на Шнефердинген, во градското подрачје се опфатени и следниве места:
Ерхорн Гросенведе Хебер Инзел Лангело Линцен Шилерн Весело Винтермор Царензен
Историја
Шнефердинген припаѓал на Бискупијата Верден, основана во 1180 година. Во 1648 година, бискупијата станала Кнежевство Верден, кое првин била владеено како личен сојуз со Шведска - прекинат од данската окупација (1712–1715) - и од 1715 година од хановерската круна. Кралството Хановер го вклучило кнежевството како реален сојуз и територијата на кнежевството, а со тоа и Шнефердинген, станале дел од новиот регион Штаде, основан во 1823 година.
Политика
Шнефердинген е поделен на самото градско подрачје и 10 единици. Секоја единица има свој месен претставник. Тие се избирани од Градскиот совет на предлог од некоја партија или избирачка група, која освоила најмногу гласови во таа единица на последните избори.
Градоначалничка
Градоначалничка на градот од 1 ноември 2011 година е Мајке Мог-Штефенс (независна, иако поддржана од SPD).
Градски совет
Градскиот совет поседува 32 членови.
На општинските избори од 2016 година биле добиени следниве резултати:schneverdingen.de
SPD/Зелени: 17 места CDU: 10 места Група SFA: 3 AfD: 2
Збратимени градови
Шнефердинген е збратимен со следниве градови:
Барлинек, Полска (од 1993 г.) Екше, Шведска (од 2001 г.)
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Хајдекрајс