Манастир — археолошко наоѓалиште во градот Демир Капија. Претставува населба од праисториското до доцноантичкото време, старохристијанска и средновековна некропола. Претставува пресечен рид од десната страна на реката Вардар, пред самиот влез во клисурата. Зарамнувањето на ридот е извршено во 1938 година, при трасирањето на патот. Со археолошките ископувања од 1948 до 1954 година се откриени многу бројни остатоци од различна временска и културна припадност, и тоа од праисторијата до средниот век. Откриени се старохристијански гробни структури и остатоци од градби. Во ѕиданите гробници, над главата на покојникот имало насликани крстови. Подоцна, со истражувањата на археологот Виктор Лилчиќ е утврдено дека се работи за старохристијанска три корабна базилика со нартекс, односно за гробишна базилика изградена на доцноантичка некропола, во една ареа мартиум каде што биле концентрирани гробови на христијани.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 230, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Автопат — храм од раноантичкото и римското време; Бандера - Бошавица — храм и некропола од римското време; Бандерица — некропола и ѕидан водовод од римското време; Болница — некропола од раноантичкото време и депо на средновековни монети; Будур Чифлик — населба и некропола од доцноантичкото време; Градина — населба од бронзеното и некропола од римското време; Просек — средновековна тврдина; Клисура — населба од раноантичкото време; Кула на Пострелец — утврдување од хеленистичкото и доцноантичкото време; Манастир - Варници — населба и некропола од римското време, базилика и некропола од доцноантичкото време и средновековна црква со некропола; Некропола 1 — некропола од железното време; Некропола 2 - Будур Чифлик — некропола од железното време; Рамниште — утврдена населба од железното и хеленистичкото време; Римски Пат — Остатоци од пат од римското време; Црквиште — старохристијанска базилика со некропола и средновековна црква со некропола; Демир Капија; Список на археолошки наоѓалишта во Демиркаписко; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Демир Капија