Ќор Јусуф Зијаудин-паша, познат и како Јусуф Зија-паша и Јусуф Зијадин-паша Слепиот (п. 1819) — отомански државник од грузиско потекло, кој во два наврати бил голем везир на Отоманското Царство: првиот пат од 1798 до 1805 година и вториот пат од 1809 до 1811 година. Пред, помеѓу и по неговата служба како голем везир, тој заземал бројни други државни служби како управител на провинции и окрузи низ царството. Како голем везир, тој ги предводел отоманските копнени сили против француската војска во отоманското освојување на Египет, а подоцна бил војсководец и во отоманските војни против Русија.

Наводи

Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 18 век Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 19 век Категорија:Паши Категорија:Починати во 1819 година