Опашуљка — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Мождивњак. Претставува средновековна црква и некропола. На јужниот крај на селото, на мало ритче со зарамнето плато се откриени повеќе гробови градени од камени плочи - тип циста. Видливи се остатоци од темели на црква со мали димензии.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 197, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Авлија — осамен наод од доцноантичкото време; Градиште — градиште од доцноантичкото време; Дуќаниште — населба од доцноантичкото време; Црквиште — населба од доцноантичкото време; Мождивњак; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи