Золтау () — среден град во округот Хајдекрајс, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот се наоѓа во средишниот дел на Линебуршкото Поле и привлекува доста туристи поради паркот „Хајде“ и термалните извори Золтау.

Потекло на името

Името Золтау доаѓа од „Золт“ (Solt), што означува сол, и „Ау“ (au), што означува река.

Географија Местоположба

Золтау се наоѓа на реките Беме и Золтау во Линебуршкото Поле. На оддалеченост од околу 65 до 70 километри се наоѓаат големите градови како Бремен на запад, Хамбург на север и Хановер на југ.

Градски единици

Покрај самото градско јадро, административно градот е составен од следниве поранешни општини и денешни градски единици:

Алфтен (околу 515 жители) Брок (околу 140) Дајмерн со Тимерло и Хармелинген (околу 185) Дитмерн со Фридрихсек и Хамбостел (околу 700) Харбер (околу 1.150) Хецинген (околу 300) Лајцинген (околу 60) Марбостел (околу 105) Мајнерн (околу 285) Мителстендорф (околу 130) Мојде (околу 35) Енинген (околу 160) Тетендорф (околу 180) Видинген (околу 120) Волтем (околу 240) Волтердинген (околу 1.100)

Клима

Со просечни годишни врнежи од 741 мм, Золтау се наоѓа во средногерманскиот просек од 700 мм. Просечната температура изнесува 8,4 °C и се движи од најниски −0,1 °C во јануари до 17,6 °C во јули.

Историја Среден век

Областа на Линебуршкото Поле веќе била населена со почетокот на новото камено доба пред околу 4000 години. Во областа на денешниот град се наоѓале неколку поединечни фарми. Веројатно околу 830 година била основана парохијата Золтау и била изградена првата дрвена црква „Св. Јован Крстител“ (Sante Johannis Baptista).Zusammenfassung aus Die Siedlung Soltau in der Niedersächsischen Geschichte: Band I. Von der germanischen Siedlung bis zum Dreißigjährigen Krieg von Wolfgang Bargmann

Првото пишано споменување на Золтау било во 936 година како Куртис Салта (Curtis Salta; „фарма на солена река“). Кралот Отон Велики го доделил имотот на Кведлинбуршкиот манастир. Во период од 600 години се развило селото Солтуве (Soltouwe) од претходната населба Куртис Салта. Било подигнато помеѓу црквата „Св. Јован“ и воденицата Валдмиле. Стари имиња биле Залцове (Salzowe; во век), Залтове (Saltowe; во 1068 и 1197) и Золтове (Soltowe; во 1304). Името Золтау првпат се појавило во 1791 година.

мини|Спомен-плоча за некогашниот замок

Првите утврдувања на спојувањето на Золтау и Беме, денешното градско јадро, започнале во времето на Фридрих Барбароса во 1152 година. При изведување на браната кај воденицата Ратсмиле биле откриени палисади (огради), кои потекнувале од 1241 година. Во 1304 година, Золтау бил продаден на бискупијата од Верден. Помеѓу 1383 и 1388, селото било основано по наредба на војводата како заштита против вандалските напади на вливот на реките Беме и Золтау, близу Хаген и Бург, што денес е градското јадро. Подоцна, било одлучено да се сруши замокот како дел од мировниот договор на крајот на Линебуршката војна; во исто време, Золтау добил градски права на 15 јули 1388 година поради тоа. Во 1400 година биле основани еснафи, со што градот започнал да тргува. Околу 1440 година се појавиле ковачи, кројачи, чевлари и шивачи.

Последиците од војната во Золтау може јасно да се следат и го спречиле рапидниот раст на новиот град; условите биле мизерни и многу фарми биле уништени. Золтау бил надвор од поголемите центри на моќ, поради што не добил директна поддршка и не бил под директна власт на некој гроф. Во 1479 година, Золтау станал дел од Војводството Брауншвајг-Линебург и бил основан амт. Во 1511 година градот бил целосно уништен од пожар.

Последна витешка битка се одржала во јуни 1519 година на Вие Холт близу Золтау и е позната како Битката кај Золтау, што била една од борбите за Хилдесхајмската бискупија. Според традицијата благодарение на благородник од градот, Харм Тидинг, кој се преправал дека знае каде е големата армија на Линебург од војвксата на Брауншвајг, со што го спасил градот да не биде повторно уништен.

Ново време

мини|300п|десно|Најстарите градби во Золтау од 1599 година мини|300п|десно|Споменик за Холокаустот

Во 1533 година било основано Градското собрание во една поранешна капела, но било уништено во пожар. Во 1567 година друг голем пожар уништил големи делови од градот. Во 1588 година била подигната првата училишна зграда, иако документи за настава има уште во 1563 година. Чумата се појавила во 1626 година и населението драматично се намалило.

Во Триесетгодишната војна, Золтау бил уште еднаш целосно уништен. Тоа што останало било само голема руина во пејзажот и останала само една градба од тоа време. Поминало долго време пред градот да се опорави. Трагите од војната и окупацијата на областа од шведските трупи, која започнала во 1632 година, е забележана на граничниот камен Елингер (Ellinger Grenzstein).

Пазарни права и со тоа право да одржува два панаѓури годишно и коњски пазар биле доделени во 1668 година. Старата градска аптека (Alte Stadtapotheke) била отворена во 1796 година.

Золтау првпат станал гарнизонски град во 1712 година, а истата година била отворена првата текстилна фабрика. Наполеоновите трупи го окупирале градот во 1803 година и го претвориле во француски пограничен град за Кралството Вестфалија во 1810 година. Золтау припаѓал на кантонот Харбург во департманот Долна Елба. Во 1813 година, лицовската пешадија и Козаците ја завршиле десетгодишната окупација. Во 1826 година било подигнато денешното старо Градско собрание.

Во 1873 година била отворена првата железничка линија, која ги поврзувала Бремен и Берлин. Во 1901 година била продолжена линијата помеѓу Хамбург и Хановер, а во 1912 година била пуштена во употреба линијата кон Целе и Линебург. Во 1885 година, Золтау станал окружен град.

Во 1888 година била завршена евангелистичко-лутеранската Ционска црква во местото Нојтетендорф. На Божиќ во 1906 година при пожар изгорела црквата „Св. Јован“ (спомната уште во 1464 година); подоцна била обновена и постои и денес. Во 1911 година, црквата Лутер била осветена како втора евангелистичка црква, во 1915 година следела католичката црква „Св. Богородица“. Во 1913 година било основано царско коњичко училиште.

Кампот Золтау (Lager Soltau), најголемиот германски камп за воени заробеници од Првата светска војна, бил подигнат во 1914 година.

Од 1934 година, неколку единици на Вермахтот биле сместени во кампот Волтердинген и по крајот на Втората светска војна се користел како сместување за бегалците и принудните работници до 1960 година. На 17 април 1945 година британските војници го освоиле градот по силен артилериски оган. Претходно трупите на Вермахтот се обиделе да го запрат нивното движење на Алер.Bruno Nitsche, Hans-Heinrich Wolfes: Das Ende des Zweiten Weltkriegs in Jesteburg. (PDF, 1,0 MB). In: Hans-Heinrich Wolfes: Zum 60. Jahrestag des Kriegsendes in Jesteburg und Umgebung. Jesteburger Arbeitskreis für Heimatpflege e. V., 2005, S. 6. Нападите одзеле повеќе цивилни жртви отколку војници; градот во април 1945 година бил делумно оштетен од нападите.

Во Золтау кратко пред освојувањето на градот од сојузничките трупи во април 1945 година затворениците од концентрациските кампови успеале да избегаат. Истите можеле да се качат на еден товарен воз, кој застанал поради сојузничките напади. Во следните денови биле ловени од страна на членови на Вермахтот, СС и Хитлеровата младина, заедно со помошта на граѓаните, нашле и исмртиле 92 затвореници. Неколку граѓани ризикувајќи го својот живот им обезбедиле на бегалците храна и облека. Повоените судења за оние кои земале дел во ловењето и убивањето завршиле без пресуди поради недостиг на докази. Во 2007 година бил подигнат споменик.

Денес

мини|300п|десно|Паркот Хајде

Обновата на градот било приоритет во 1950-тите и 1960-тите години, кога имало градежен бум во градот.

На 1 март 1974 година, општините Алфтен, Брок, Дајмерн, Дитмерн, Харбер, Хецинген, Лајцинген, Марбостел кај Золтау, Мајнерн, Мителстендорф, Мојде, Тетендорф, Енинген, Видинген, Волтердинген и Волтем, се приклучиле кон градот. Во 1977 година, окрузите Золтау и Фалингбостел се споиле во округот Золтау-Фалингбостел; Золтау го загубил окружното седиште.

Во 1980-тите години се донел план за обнова на градот. Главната улица станала пешачка зона и се изградило ново Градско собрание.

Паркот Хајде бил отворен во 1978 година, а денес претставува најголем забавен парк во Северна Германија. Во него постои Колосос, поставена во 2001 година како најголема железница во светот и Скрим, поставена во 2003 година како највисока кула за слободен пат. Други туристички атракции се музејот за играчки, отворен во 1984 година, и термалните бањи Золтау, отворени во 1990 година.

По повлекувањето на британските трупи во 1993 година, британските касарни како први во Германија преминале во приватни раце. Денес, на нивно место се наоѓа центарот за настани Алте Рајтхале (Alte Reithalle).

Во март 2007 година било претставен концепт за осовременување на градското јадро. Сето ова завршило во март 2009 година.

Развој на населението

Година Жители 1452 околу 220 1600 околу 500 1626 околу 60 3 декември 1864 ¹ 2.000 1 декември 1890 ¹ 3.419 2 декември 1895 ¹ 4.025 1 декември 1905 ¹ 4.861 16 јуни 1925 ¹ 5.723 16 јуни 1933 ¹ 6.746 17 мај 1939 ¹ 8.318 13 септември 1950 ¹ 14.560 1 октомври 1960 14.483 6 јуни 1961 ¹ 14.366 27 мај 1970 ¹ 15.674 31 декември 1972 15.873 Година Жители 31 декември 1974 20.189 31 декември 1980 18.921 31 декември 1985 18.940 31 декември 1990 19.714 31 декември 1991 20.031 31 декември 1995 21.040 31 декември 2000 21.906 31 декември 2005 22.044 31 декември 2007 21.950 31 декември 2008 21.831 31 декември 2011 21.672 31 декември 2016 21.324 31 декември 2017 21.257 31 декември 2018 21.317 ¹ Резултати од одржани пописи

Политика Градски совет

Градскиот совет се состои од 34 избрани членови, што одговара за град со број на жители од 20.001 и 25.000 жители.Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten , abgerufen am 29. November 2014 Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

Партии и листи 2016Ergebnis der Ratswahl 2016 auf wahlen.soltau.de 2011Ergebnis der Ratswahl 2011 auf wahlen.soltau.de 2006Ergebnis der Ratswahl 2006 auf wahlen.soltau.de 2001Ergebnis der Ratswahl 2001 auf wahlen.soltau.de 1996Ergebnisse der Ratswahl 1996 auf soltau.deSitzverteilung der Ratswahl 1996 im Heide-Kurier vom 12. September 2001, S. 4. 1991Ergebnisse der Ratswahlen 1991 und 1986 auf soltau.de 1986 Гласови Места Гласови Места Гласови Места Гласови Места Гласови Места Гласови Места Гласови Места CDU Демохристијански сојуз на Германија36,321237,851335,031243,121537,591432,721142,9415 SPD Социјалдемократска партија на Германија26,04928,121031,391132,921228,891027,81930,7111 BU Граѓанска унија10,18413,21519,45613,53418,92717,55616,065 Grüne Сојуз 90/Зелени9,14312,0945,1424,88110,52317,5866,802 FDP Слободна демократска партија (Германија)2,7611,4206,4025,5424,0904,3412,050 Linke Левица (Германија)1,2802,6912,591-------- dps независна фракција5,5424,341---------- AfD Алтернатива за Германија8,733------------Вкупно34343434343333

Градоначалник

Од околу 1410 година, градската управа е предводена од градоначалник и три други членови на советот. Ова заедничко управување траело до век.Stadtarchiv Soltau #485B, #486B und #809B

Од 1946 до 2001 година, градот бил предводен од двоец составен од градоначалник и градски директор како предводник на управата. Како градски директори работеле Вернер Петерсен (1946–1951), Паул Милер (1951–1956), Фридрих Петерс (1957–1971) и Јирген Фенер (1971–2001). Во 2001 година обете функции се споиле во таа на градоначалникот.

Непосредно избран градоначалник на градот Золтау е моменталниот Хелге Реберт (независна).

Збратимени градови

Золтау е збратимен со следниве градови:

Колдвотер, САД (од 1971 г.) Лан, Франција (од 1972 г.) Мислибуж, Полска (од 1997 г.) Остербург, Германија (од 1991 г.) Желона Гура, Полска (од 1997 г.)