Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Подгорци; скратено: ООУ „Гоце Делчев“) — централно основно училиште во селото Подгорци, Општина Струга.

Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа на самото сретсело во Подгорци.

Настава

Во училиштето наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Иако Советот на Општина Струга има дадено согласност за отпочнување на паралелки на албански јазик, сепак тие одлуки се поништени од страна на Министерството за образование и наука.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Струга Подгорци Категорија:Подгорци Категорија:Основни училишта во Македонија