Црква Св. Спас — археолошко наоѓалиште во штипската населба Ново Село. Претставува средновековна црква со некропола. Се наоѓа на левата страна на реката Отиња, на падините на ридот Кумлак, на околу 100 м од последните куќи на Ново Село. Изградена е во 1369 година од војводата Димитар, а повторно живописана во 1601 година од зограф Јован. Околу неа има некропола, едни гробови ѕидани од камен, другите од монолитни камени плочи, со различна временска припадност.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 439, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Калимерово — населба од доцноантичко време; Марков Камен — некропола од хеленистичко време; Орлов Дол — каптажа и водовод од римско време; Паскова Чешма — осамен наод од римско време; Ново Село; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Ново Село (штипска населба)