Св. Архангел Михаил или Фитија — археолошко наоѓалиште во градот Штип. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа во долниот дел на падините на ридот Исар, од источната страна, покрај патот што води за кај тврдината. Изградена е во 1344 година со средства на протосевастот Хреља. Има купола, апсида, однадвор шестострано обликувана и основа во облик на пишан крст. Фасадните ѕидови се обработени во керамопластика. Околу црквата се наѕираат камени конструкции од гробови.

Поврзано Астибо - Стар Конак — населба од римското време; Бабите — тумули од железното време; Исар — средновековна тврдина; Кемер — Аквадукт од римското време; Св. Архангел Главатов — средновековна црква; Св. Власиј — средновековна црква; Св. Илија — средновековна црква; Св. Јован Крстител — средновековна црква; Трговски Центар — рудник од римското време; Тузлија — некропола од римското време; Штип; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Штип