Сезоната 1997-1998 за фудбалскиот клуб Јувентус била 100-та од неговото основање и 97-ма последователна сезона во највисоката лига на италијанскиот фудбал.

Преглед на сезоната thumb|Новиот напаѓач на Јувентус, Филипо Инѕаги, со својте 18 гола во првенството му помогнал на клубот да го одбрани скудетото освоено во претходната сезона. Трансфер-пазарот на Јувентус во летото 1997 година се концентрирал главно на напаѓачкиот дел, со продажбата на Ален Бокшиќ и младиот Кристијан Виери (вториот бил жртвуван поради добрата економска понуда која не можеле да ја одбијат); покрај нив црно-белиот дрес го соблекле и двајца протагонисти во претходните две победнички години, вклучувајќи го и успехот во Лигата на шампионите: Владимир Југовиќ и Серџо Порини. Најголемото засилување за Јувентус во овој трансферен прозорец претставувал најдобриот стрелец во Серија А од претходната сезона, Филипо Инѕаги, доведен да стане новиот напаѓачки „партнер“ на Алесандро Дел Пјеро; како дополнување на офанзивниот дел од тимот дошол и уругваецот Даниел Фонсека, а меѓу новајлиите што имале добра сезона бил и бекот Алесандро Бириндели.

Јувентус ја отворил сезоната со победа освојувајќи го насловот во Суперкупот на Италија, втор во историјата на клубот, лесно совладувајќи ја на Деле Алпи (3-0) благодарение на двата рани гола на Инѕаги, а конечниот резултат го поставил капитенот Антонио Конте кој се вратил брзо во форма по сериозната повреда која го оддалечила од терените во поголемиот дел од претходната година. Во првенството, речиси уште по првите кола, главно заради погрешениот чекор на Мараси против , Јувентус се нашол во ситуација на гонител на водачот .

Во почетниот дел од натпреварувањето во Лигата на шампионите, момците на Марчело Липи, инаку финалисти од претходната сезона, наишле на некои неочекувани пречки во групната фаза: тие ја затвориле својата група, составена од англискиот , холандскиот и словачкиот дебитант , на второто место зад црвените ѓаволи од Манчестер, пласирајќи се во нокаут-фазата како една од двете најдобри второпласирани екипи. Во меѓувреме во Серија А, во 14-тото коло од сезоната бјанконерите биле поразени со 1-0 од нероаѕурите во Дербито на Италија на Сан Сиро: сепак, ова не влијаело многу на тимот, иако исто така благодарение и на падот на интеристите, но тие ги прегазиле своите соперници, со што станале зимски шампиони.

Овој прв дел од сезоната, сепак, открил многу слаби точки во тимот, особено во средниот ред, па пазарот за поправка го донел холанѓанецот Едгар Давидс во Торино, од соперникот како операција која ќе ја одбележи годината: назначен за „расипано јаболко“ од соблекувалната на росонерите, наспроти тоа, во Торино популарниот Питбул веднаш станал суштински елемент за динамиката во играта на Јувентус, станувајќи столб на Мадама за наредните години. Покрај Давидс, есенската трансфер сесија во Пиемонт го поздравила и доаѓањето на младиот уругваец Марсело Залајета, ветувачки напаѓач и добра резерва.

Во вториот дел од првенството фудбалерите од Торино го контролирале обидот на миланезите за кам-бек, иако тие исто така оствариле 6 врзани победи. Во меѓувреме, Јувентус останал без можност да се бори за титулата во Купот на Италија каде, откако ги елиминирале во претходните рунди , и , тие паднале во полуфиналето против , подоцнежниот победник на изданието. Нокаут фазата во Лигата на шампионите, Јувентус ја започнал со четвртфиналето каде го елиминирале украинскиот (1-1 во Торино и 4-1 во Киев), а потоа во полуфиналето биле подобри и од (4-1 во Торино и 3-2 пораз во Кнежевството), за да стигнат до финалето за трета последователна сезона.

thumb|right|Играчите на Јувентус го слават освојувањето на скудетото. Во Серија А двобојот за скудетото се одиграл во 31-вото коло, кога на 26 април 1998 Јувентус во директен судир го победил Интер со 1-0 на Деле Алпи со голот на Дел Пјеро. Сепак, и покрај оваа победа, титулата сѐ уште математички не била осигурана: тоа се случило на 10 мај, во 33-тото коло од првенството, со победата на домашен терен над (3-2) со хет-трикот на Инѕаги (негов втор за сезоната по оној во Киев). Така, Јувентус го освоил своето 25. скудето во клупската историја на едно коло до крајот. За крај, сезоната во Лигата на шампионите клубот ја завршил со пораз од 1-0 во финалето одиграно во Амстердам против - иако решавачкиот гол во финалето кој го постигнал Предраг Мијатовиќ останал во сенката на наводен офсајд, факт што поттикнал бројни контроверзии во наредните години.Изворите се разликуваат околу тоа дали голот бил валиден или не. Додека италијанските медиуми тврдат дека Мијатовиќ бил во јасна нерегуларна позиција, шпанските медиуми блиски до Кралскиот клуб тврдат дека напаѓачот на Реал бил во линија со играчот на Јувентус Џанлука Песото, cfr. ;

Дресови Производител на опрема за сезоната 1997-1998 била Капа, додека официјален спонзор на дресот бил Sony MiniDisc.

Во сезоната на стогодишнината од постоењето на Јувентус, клубот излегол од трендот на почитување на фудбалската традиција, понудувајќи прв дрес кој спротивно на минатото бил изработен со помалку и подебели (од досегашната мерка) црни и бели пруги и имал „заоблени“ мотиви особено на рамената и грбот.. Исто така во спротивност со традицијата, амблемот и ѕвездите (кои го симболизираат бројот на освоени скудета) биле префрлени од градите на левиот ракав. Ова предизвикало различни мислења меѓу навивачите делејќи ги на две групи: ентузијасти и критичари.

За вториот дрес, „шаблонот“ воведен во претходната сезона бил речиси потврден. Тој бил во целосно сина боја со „ѕвезди“ во бела рамка кои се наоѓале на рамената и шорцевите, и ленти во жолто кои минуваат по ракавите и шорцевите;. единствените новини биле различна јака, и исто така, веќе споменатото преместување на грбот и ѕвездите на левиот ракав.

Стогодишнината од постоњето на клубот била прославена со специјален „ад-хок“ дрес што следувал од 1897 година, а тоа била маица во целосно розова боја - која сега била збогатена со црна јака и неколку црни линии - комбинирано со црни шорцеви и чорапи;. за разлика од дресовите кои ги носеле играчите на Јувентус во првите две сезони, со цел да се потенцира комеморативната намера, ова издание не го прикажало тогашниот амблем на Јувентус, туку логото „Јувечентус“ создадено за годишнината, позиционирано на деколтето. Овој дрес бил изготвен само за Купот на стогодишнината - Трофеј на Република Сан Марино одигран на 3 август 1997 година во Чезена против .

Состав

играчите во италик го напуштиле клубот во текот на сезоната

Трансфери Прикажани се само побитните операции Дошле Дата Играч Од Сума Начин Алесандро Бириндели 4,5 милј. лири конечно Марко Ѕамбони конечно Фабио Пекија 10 милј. лири конечно Филипо Инѕаги 20 милј. лири конечно Даниел Фонсека 9 милј. лири конечно Сесар Пелегрин 3 милј. лири конечно Едгар Давидс 9 милј. лири конечно Марсело Залајета 5 милј. лири конечно

Заминале Дата Играч Во Сума Начин Давиде Фалчони конечно Масимилијано Нотари конечно Серџо Порини конечно Атилио Ломбардо конечно Владимир Југовиќ конечно Ивано Трота конечно Ален Бокшиќ конечно Кристијан Виери 30 милј. лири конечно Марко Ѕамбони конечно Рафеле Аметрано позајмен Микеле Падовано конечно

Натпреварувања во сезоната Вкупно

Суперкуп на Италија

Серија А

Завршна табела Екипа 1.7434211126728+39 2.693421676227+35 3.643419786240+22 4.5934161176742+25 5.5734151276536+29 6.5734151275539+16Победник на Купот на Италија.7.5634168105330+23 8.48341212105546+9 9.4834139125255-310.44341111123743-611.3834108163045-1512.3734716112938-913.3734107175058-814.363499163661-2515.353498174563-1816.3234711162548-2317.263468203272-4018.143428242576-51 Легенда:       Шампион на Италија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 1998-1999.       Се квалификува за второто квалификациско коло на УЕФА Лигата на шампионите 1998-1999.       Се квалификува за првото коло на Куп на УЕФА 1998-1999.       Се квалификува за првото коло на УЕФА Куп на победниците на куповите 1998-1999.       Се квалификува за УЕФА Интертото куп 1998.       Испаднале во Серија Б 1998-1999.

Нотес: Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.

Натпревари

Куп на Италија

Второ коло

Осминафинале

Четвртфинале

Полуфинале

УЕФА Лига на шампиони

Фаза по групи

Табела 1. 6501143+11152. 6402128+4123. 6303810-294. 6006213-110

Нокаут фаза Четвртфинале

Полуфинале

Финале

Статистика Настапи и голови

! colspan=14 style=background:#DCDCDC; text-align:center| Голмани

! colspan=14 style=background:#DCDCDC; text-align:center| Одбрана

! colspan=14 style=background:#DCDCDC; text-align:center| Среден ред

! colspan=14 style=background:#DCDCDC; text-align:center| Напаѓачи

! colspan=14 style=background:#DCDCDC; text-align:center| Играчи кој го напуштиле клубот во текот на сезоната

Список на стрелци ИмеСерија АСуперкупКуп на ИталијаУЕФА ЛШВкупно110НПАлесандро Дел Пјеро2101103229НПФилипо Инѕаги1821627321СРЗинедин Зидан701311418НПДаниел Фонсека4031858СРАнтонио Конте4110616НПНикола Аморузо20226715ОДАлесандро Бириндели0011282ОДЧиро Ферара100015СРФабио Пекија1000113ОДМарк Јулијано1000120СРАлесио Такинарди1000126СРЕдгар Давидс1000127НПМарсело Залајета10001Автогол50207Вкупно6731223105

Последно ажуририање: 8 јули 2020

Наводи

Надворешни врски Сезона 1997-1998 на myjuve.it

Категорија:Сезони на ФК Јувентус