Геноцид над Србите или Злосторствата над Србите () — низа дејствија извршени во насока на систематско убивање на Србите коишто се случиле за време на фашистичкиот режим на Усташите во марионетската држава Независна Држава Хрватска (НДХ) контролирана од страна на нацистичка Германија за време на Втората светска војна помеѓу 1941 и 1945 година. Злосторствата биле извршени преку убиства во смртни логори, масовни убиства, етнички чистења, депортации, принудно менување на верата и силувања. Настани се случиле во ист период со Холокаустот во НДХ и биле користени нацистички расни полиси со цел да се создаде етнички чиста Голема Хрватска.

Идеолошката основа за формирањето на усташкото движење се појавила во 19 век. Неколку хрватски националисти и интелектуалци објавиле теории во кои Србите се сметаат за инфериорна раса. По случувањата од првата светска војна и спротивставувањето на група на националисти за создавање на обединета држава на јужните словени, етничката тензија помеѓу народите во склопот на Кралството Југославија почнала да расте. За време на 1920-те години, Анте Павелиќ станал главниот водич на движењето за хрватска независност. Во 1920-те и 1930-те, се појавиле националистички и ултрадесничарски движења, главно поради диктатурата од 6 јануари и законите против Хрватите кои се појавиле во југословенската влада која била предводена главно од страна на Срби. Ваквите движења кулминирале со појавата на усташите кои претставувале ултранационалистичка, фашистичка и терористичка организација основана од Павелиќ. Движењето било финансиски и идеолошки поддржано од страна на Бенито Мусолини и усташите имале директен удел во атентатот врз југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ.

По окупирањето на Југославија од страна на Силите на Оската во април 1941, германската марионетска држава наречена НДХ била создадена од страна на Усташите и ги сочинувала териториите на денешна Хрватска и Босна и Херцеговина како и делови на Србија и Словенија. Главна цел на усташите била да создадат етнички чистаГолема Хрватска со тоа што ќе ги елиминираат сите народи кои не биле Хрвати. Тоа првично ги вклучувало Србите но исто така и Евреите,Ромите и почитички дисиденти. Масакри бил извршени врз населението и биле изградени концентрациони логори, од кои најголем бил Концентрационен логор Јасеновац кој е познат по високиот број на убиства и барбарските чинови кои биле извршени. НДХ била единствената марионетска држава на Силите на Оската која поставила концентрационен логор наменет само за деца. Бројот на српски жртви не е целосно јасен, но се смета дека помеѓу 200,000 до 500,000 Срби биле убиени, а повеќето автори се согласуваат дека околу 300,000 Срби биле убиени. 300,000 Срби биле протерани и околу 200,000 Срби биле приморани да ја сменат верата иако поголемиот дел од нив повторно ја вратиле верата после војната. Земајќи ја предвид бројноста на населението, НДХ бил еден од најсмртоносните режими кои се појавиле во 20-от век.

Миле Будак и други команданти на НДХ биле осудени за направените криминални чинови од страна на комунистичката партија на Југославија. Љубо Милош и Мирослав Филиповиќ кои биле команданти на концентрациските логори биле уапсени и убиени, а свештеникот Алојзие Степинац бил обвинет за присилно менување на верата на српското население. Голем број криминалци избегале, најмногу во Латинска Америка, вклучувајќи го и водачот Анте Павелиќ. Злосторствата не биле целосно истражувани по војната поради тоа што владата на Југославија не сакала да поддржва независни академици од страв дека меѓуетничките тензии кои би се појавиле би можеле да го дестабилизираат комунистичкиот режим. Во денешно време, Србија го прогласила 22 април за државен празник посветен на жртвите на зосторствата и фашизмот а Хрватска одржува официјална комеморација кај Јасеновац.

Независна држава Хрватска

Во април 1941 година, Кралството Југославија било покорено од страна на Силите на Оската. Откако нацистите влегле во Загреб на 10 април 1941 година, најблискиот соработник на Павелиќ, Славко Кватерник, го прогласил создавањето на Независна Држава Хрватска (НДХ) за време на пренос на радиото на Загреб. Во меѓувреме, Павелиќ и уште неколку стотици усташки волонтери ги оставиле нивните логори во Италија и допатувале до Загрев каде што Павелиќ прогласил нова влада на 16 април 1941. Себеси си ја доделил титулата на „поглавник“ (). НДХ се состоела со најголемиот дел од денешна Хрватска, целосната територија на денешна Босна и Херцеговина и делови од Србија; овие територии биле комбинирани во италијанско-германски квази проктеторат. Србите составувале 30% од населението на НДХ. НДХ никогаш не добила целосен суверенитет, но била марионетска држава која ја имала најголемата автономија од било кој друг режим во Европа окупирана од Германија. НДХ била прогласена како држава која е поставена на „етничка и историска територија“.

Главната цел на Усташите била да создадат етнички чиста држава. Според плановите на министрите на усташите, Миле Будак, Мирко Пук и Милован Жаниќ, стратегијата за постигнување на етнички чиста Хрватска била:Jones, Adam & Nicholas A. Robins. (2009), Genocides by The Oppressed: Subaltern Genocide In Theory and Practice, p. 106, Indiana University Press;

Една третина од Србите да се убие Една третина од Србите да се прогони Една третина од Србите присилно да ја смени религијата во римокатолицизам

Усташкото движење не добило голема поддршка од хрватските граѓани. Во мај 1941, Усташите имале околу 100,000 членови кои положиле заклетва. Покрај тоа, локалната поддршка за насилството извршено од Усташите била поголема од бројките кои биле објавени за истата. Откако Владко Мачек ги повикал приврзаниците на хрватската селска партија да го почитуваат и да соработуваат со новиот режим на Анте Павелиќ, му се овозможило да ја користи партијата и службениците во поранешната Хрватска Бановина. На почетокот, хрватските војници кои претходно служеле во автстроунгарската партија ги имале највисоките позиции во вооружените сили на НДХ.

Историчарката Ирина Огњанова заклучила дека сличностите помеѓу НДХ и Третиот Рајх се состоеле во тоа што двете држави сметале дека теророт и геноцидот биле неопходни за да се задржи државата. Виктор Гутиќ одржал неколку говори на почетокот на летото во 1941 во кои ги нарекол Србите „претходни непријатели“ и „непосакувани елементи“ коишто треба да се исчистат и уништат и исто така им се заканил и на Хрватите кои не го поддржувале. Најголемиот дел на усташката идеологија бил заснован на расната теорија на Нацистите. Како Нацистите, и Усташите ги гледале Евреите, Ромите и словените како под-човечни (Untermensch). Усташите исто така ги прифатиле тврдењата на германските расни теоричари според кои Хрватите не биле словенска туку германска раса. Заклучно со тоа, геноцидот кој го извршиле над Србите, Евреите и Ромите бил резултат на нацистичките расистички идеологии. Адолф Хитлер ја изразил својата поддршка за Павелиќ да ги казни Србите. Историчарот Мајкл Фејр објаснил дека одлуката на нацистите да ги убијат сите Евреи во Европа започнала во втората половина на 1941 година кон крајот на јуни, што би значело дека геноцидот во Хрватска започнал пред нацистите да почнат да ги убиваат Евреите. Џонатан Стејнберг исто така напишал дека убиствата извршени врз Србите во НДХ го претставувале „најраниот обид за целосен геноцид за време на Втората светска војна“.

Андрија Артуковиќ, тогашниот министер за внатрешни работи на НДХ донел ноеколку расни закони. На 30 април 1941, владата го прифатила „легалнинот поредок на расите“ и „легалната заштита на арјанската крв и чест на хрватските луѓе“. Хрватите и околу 750,000 Босански муслимани, чија поддршка била потребна против Србите биле прогласени за аријци. Доналд Блоксхам и Роберт Герварт заклучиле дека Србите биле прва цел на ваквите расни закони и убиства. усташите донеле закон со кој на Србите им биле одземени државјанствата и сопствеништвата. Слично со Евреите во Третиот Рајх, Србите биле принудени да носат знак на раката со буквата „P“, за Pravoslavac (православен). Усташките писатели почнале да имплементираат дехуманизирачки текстови и тврдења. Во 1941, употребата на кирилицата била забранета, и во јуни 1941 година започнала елиминацијата на „источни“ односно српски зборови од хрватскиот јазик проследено со затворање на српските училишта. Анте Павелиќ ѝ наредил на „хрватската државна канцеларија за јазик“ да создаде нови зборови користејќи стари корени и да го исчисти јазикот од многу српски зборови.

Концентарицони логори и логори за масовно убиство

Усташите поставиле концентрациони логори во пролетта 1941 и воспоставиле мрежа на постојани логори во есента, истата година. Создавањето на концентрациони логори и извршување на кампањата за масивно убиство на Србите биле планирани од страна на усташките водичи уште пред 1941 година. За време на егзибициите на усташите во Загреб, логорите биле прикажани како продуктивни и „логори за мирна работа“ проследени со слики од среќни затвореници.

Србите, Евреите и Ромите биле уапсени и испратени во концентрациони логори како Јасеновац, Стара Градишка, Госпиќ и Јадовно. Вкупно имало околу 22-26 логори во НДХ. Историчарот Јозо Томасевич го опишак концентрацискиот логор во Јадовно како „патна станица“ која води до бездни на планината Велебит, каде што затворениците биле убивани и фрлани.

Најголемиот најозогласен бил логорот во Јасеновац и Стара Градишка кои формирале еден комплекс и претставувале најголемиот логор за масовно убиство на Балканот. , Околу 100,000 затвореници биле убиен во него од кои најголемиот број биле Срби., Вјекослав „Макс“ Лубуриќ, главниот командант на хрватските логори, изјавил дека кампот во Јасеновац се одликувал со голема „ефикасност“ за време на церемонија одржана на 9 октомври 1942: „Тука во Јасеновац, убивме повеќе луѓе отколку османската империја за време на нејзината окупација во Европа.“

Кампот во Јасеновац бил ограничен од реки и двожична ограда со што се отежнувало бегањето а логорот во Јасеновац бил поделен на пет логори, од кои првите два биле затворени во декември 1941, додека останатите три биле активни сè до крајот на војната. Стара Градишка, односно Јасеновац V исто така држел жени и деца како затвореници. Логорот во Циглана, односно Јасеновац III, бил главно место за убивање и претставувал логор на смртта, со стапка на морталитете од 88%, што било повисокот од стапката на морталитет на Аушвиц од 84.6%. Печката која се наоѓала во цигланата била претворена во крематориум, а според сведочења, некои луѓе, вклучувајќи и деца биле запалени живи и мирис на човечко месо почнал да се шири во кампот. Лубуриќ изградил гасна комора во Јасеновац V, каде голем број на затвореници биле убивани со сулфур диоксид и Зиклон Б, но овој метод бил прекинат поради слабата конструкција. И покрај ваквите методи, голем број затвореници умреле од прегладнување, болести (вклучувајќи тифус), напади со палки, секири, отров и ножеви. Направата наречена srbosjek (хрватски за „сечач на Срби“) била ракавица на која била прикажан нож кој бил осмислен за сечење на грла. Големи групи луѓе биле убивани при пристигнување и телата биле фрлани во реки надвор од логорите. За разилка од германските логори, Јасеновац специјализирал во брутални насилства изрвшенин еден на еден, за време на кои стражарите ги напаѓале бараките со оружја и се отстранувале од телата во ендеци. Според историчарите во еден германски извор: „Дури и германските офицери и луѓето од Шуцштафел биле потресени кога ги виделе методите [на Усташите]“.