Пропаста на српското царство (српски: Пропаст царства српскога) е српска епска (јуначка) песна. Песната прв ја запишал Лукијан Мушицки, кој ја слушнал од непозната слепа жена од Гргуревац и потоа му ја испратил на Вук Караџиќ.В.Ђ., „Поговор - О певачима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 490.

Содржина Од Ерусалим полетал свети Илија, претворен во сокол, кој пристигнал во Косово. Во устата, тој носел писмо од Богородица до царот Лазар во кое таа го прашала дали ќе се определи за царството небесно или за земното царство. Царот Лазар се определил за небесното царство и изградил црква, а потоа собрал војска со која ги нападнал Османлиите. Во битката херојски погинале Југ Богдан со неговите девет сина, Гојко и Угљеша Мрњавчевиќ, ерцегот Степан и кнезот Лазар кого предал Вук Бранковиќ.Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 148-150.

Наводи

Категорија:Песни за Косовската битка Категорија:Песни за Лазар Хребељановиќ