„Лекција по мртов јазик“ (полски: Lekcja martwego języka) — полски филм од 1979 година, во режија на Јануш Мајевски, кој е соавтор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Олгјерд Лукашевич, Малгоржата Притулак, Ева Далковска, Пјотр Павловски, Ирена Карел, Зигмунт Маланович итн.IMDb, Lekcja martwego jezyka (1979) (пристапено на 20.6.2020)
Синопсис Поручникот Кикериц (го игра Лукашевич) е заповедник на војската во едно мало место во кое не се случува ништо. Тој го минува времето така што собира вредни стари предмети. Истовремено, тој е болен од туберкулоза, но не знае дека состојбата му е критична, иако во два наврати, една гатачка и една жена-медиум му претскажуваат скорешна смрт. Еден ден, тој оди во шумата каде ладнокрвно убива руски затвореник кој сака да побегне, но кога се враќа во градот умира, а токму тогаш пристигнува веста за крајот на Првата светска војна. Неговото мртво тело го натовараат на возот и го испраќаат во родниот град.
Наводи
Категорија:Полски филмови Категорија:Филмови од 1979 година Категорија:Филмови на полски јазик Категорија:Филмови на Јануш Мајевски Категорија:Филмови со Олгјерд Лукашевич Категорија:Филмови со Ева Далковска Категорија:Филмови со Ирена Карел Категорија:Филмови со Пјотр Павловски Категорија:Филмови со Зигмунт Маланович Категорија:Филмови со Малгоржата Притулак Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Филмови за Првата светска војна Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Полска