Задгробен живот (јапонски: ワンダフルライフ, Wandafuru raifu) - јапонски филм од 1998 година, во режија на Хироказу Кореда кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Арата Јура, Ерика Ода, Сусуму Тераџима, Кјоко Кагава, Кеј Тани, Такетоши Наито итн.
Синопсис Во една зграда пристигнува група луѓе кои штотуку умреле. Во зградата работат луѓе кои умреле порано и кои имаат задача да ги подготват новоумрените за вечниот задгробен живот. Притоа, секој од новоумрените има рок од три дена за да го избере своето омилено сеќавање, а потоа вработените во зградата снимаат филмска сцена со омиленото сеќавање. На тој начин, новоумрените имаат можност вечно да го задржат своето омилено сеќавање. Меѓу новоумрените има различни личности: некои не можат да се сетат, некои одбиваат да изберат итн. На крајот од неделата, секој од новодојдените го гледа краткиот филм со неговото омилено сеќавање и веднаш потоа исчезнува во вечниот живот. Меѓу вработените кои им помагаат на новоумрените е младиот Такаши (го игра Јура) кој е задолжен за постариот човек Ихиро Ватанабе (го игра Наито) кој не може да го избере омиленото сеќавање. Прегледувајќи ги видео-снимките со неговиот живот, Такаши забележува дека сопругата на Ихиро е Кјоко, неговата љубов од младоста. Така, Такаши се присетува на еден настан и бара тоа сеќавање да биде снимено на филм по што тој исчезнува во вечноста. Истовремено, меѓу вработените се наоѓа и младата девојка Шиори (ја игра Ода) која чувствува рпивлечност кон Такаши.IMDb, After Life (1998) (пристапено на 25.6.2020) Т Наводи
Категорија:Јапонски филмови Категорија:Филмови од 1998 година Категорија:Филмови на јапонски јазик Категорија:Филмови на Хироказу Кореда Категорија:Филмови со Арата Јура Категорија:Филмови со Кеј Тани Категорија:Филмови со Кјоко Кагава Категорија:Филмови со Сусуму Тераџима Категорија:Филмови со Ерика Ода