Ал Саид е луксузна јахта во сопственост на султанот на Оман. Јахтата била нарачана да биде направена во 2006 година, од страна на Лирсен. Бродот бил со кодовно име „Проект Сончоглед“ за време на изградбата. Ал Саид бил пуштен од бродоградилиштето Лирсен, во септември 2007 година и во моментот на нејзиното лансирање, таа била втора најдолга јахта во светот. Јахтата била завршена во наредните месеци и била предадена на нејзините сопственици во 2008 година.

Наводи

Категорија:Јахти