БинкБенк Тур 2019 — 15. издание на велосипедската етапна трка БинкБенк Тур, која се одржала помеѓу 12 и 18 август како триесет и прв настан во сезоната на Светската турнеја. Трката била одржана на територија на Белгија и на Холандија.
Трката била освоена од Белгиецот Лауренс де Плус.
Рута
Патеката за трката била објавена во јуни 2019 година.
Екипи
Бидејќи БинкБенк Тур е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Пет професионални континентални екипи настапиле, со што главната група имала 23 екипи.
Етапи Етапа 1
Етапа 2
Етапа 3
Етапа 4
Етапа 5
Етапа 6
Етапа 7
Завршен пласман
Поредок
Постоеле четири главни пласмани на трката. Првиот бил генералниот пласман, пресметуван преку додавање на времето кое секој возач го извозел на секоја етапа. Се применувале временски бонуси за првите тројца на етапата (10, 6 и 4 секунди на првите тројца возачи) и на трите спринтови „златен километар“ на секоја етапа. На секој од овие спринтови, првите тројца добивале 3, 2 и 1 секунда бонус, соодветно. Возачот со најниско вкупно време бил победник на генералниот пласман. Возачот кој водел во пласманот ја освојувал зелената маичка.
Постоел и бодовен пласман. На секоја друмска етапа, возачите добивале бодови доколку завршат помеѓу првите десет, а други бодови имало и за средните спринтови. Возачот со најмногу бодови бил предводник на пласманот и ја освојувал црвената маичка. Борбениот пласман бил заснован само на бодовите на средните спринтови; водечкиот возач ја освојувал црната маичка. Последен пласман е екипниот пласман: на секоја етапа времињата на најдобрите тројца возачи од секоја екипа биле додавани. Екипата со најниско вкупно време го освојувала екипниот пласман.
Етапа Победник Генерален пласман Бодовен пласман Борбен пласман Екипен пласман 1 Сем Бенет Сем Бенет Сем Бенет Баптист Планкерт 2 Сем Бенет 3 Сем Бенет 4 Тим Веленс Тим Веленс 5 Алваро Одег 6 Филипо Гана 7 Оливер Насен Лауренс де Плус На крај Лауренс де Плус Сем Бенет Баптист Планкерт
Список на учесници
Наводи
Надворешни врски
Категорија:БинкБенк Тур Категорија:Светска турнеја на UCI 2019 Категорија:Белгија во 2019 година Категорија:Холандија во 2019 година