десно|180п|Симбол на хороскопскиот змеј Змеј () — петти знак во дванаесетгодишниот циклус на животни од кинескиот хороскоп поврзан со кинескиот календар. Годината на змејот му принадлежи на симболот на земската гранка чен (辰).
Предложено е дека знакот на земската гранка може да се поврзувала со скорпии; може да ја симболизирала ѕвездата Антарес. Во будистичкиот календар кој се користи во Тајланд, Камбоџа, Лаос, Мјанмар и Шри Ланка, змејот е заменет со нагите. Во хороскопот на народот Гурунзи, таа улога ја има орелот. Персискиот хороскоп место змеј има кит, а во старотурскиот календар тоа е риба.
Годините и петте елементи мини|десно|Воден змеј на Празикот на фенерите. Лицата родени помеѓу овие датуми се вели дека се родени во „година на Змејот“, носејќи некој од следниве елементарни знаци: Почеток Крај Небесна гранка 16 февруари 1904 3 февруари 1905 дрвен змеј 4 февруари 1916 22 јануари 1917 огнен змеј 23 јануари 1928 9 февруари 1929 земјен змеј 8 февруари 1940 26 јануари 1941 метален змеј 27 јануари 1952 13 јануари 1953 воден змеј 13 февруари 1964 1 февруари 1965 дрвен змеј 31 јануари 1976 17 февруари 1977 огнен змеј 17 февруари 1988 5 февруари 1989 земјен змеј 5 февруари 2000 23 јануари 2001 метален змеј 23 јануари 2012 9 февруари 2013 воден змеј 10 февруари 2024 28 јануари 2025 дрвен змеј 28 јануари 2036 14 февруари 2037 огнен змеј 14 февруари 2048 1 февруари 2049 земјен змеј 2 февруари 2060 20 јануари 2061 метален змеј 19 февруари 2072 6 февруари 2073 воден змеј 6 февруари 2084 25 јануари 2085 дрвен змеј 25 January 2096 11 февруари 2097 огнен змеј
Годините на змејот бележат значителен прираст на новородени деца во земјите што го следат кинескиот хороскоп (или оние со значителна кинеска дијаспора) бидејќи овие „змејски деца“ се сметаат за среќни и имаат одлики кои се верува дека ќе им донесат благосостојбен и бериќетен живот. Ваквото временско планирање на раѓањето на децата е релативно нова појава, која предизвикува преоптовареност на породилиштата, па дури и зголемена смртност кај новороденчињата кон крајот на дадената година поради исцрпеноста на ресурсите посветени на новороденчињата.https://freakonomics.com/podcast/dragon-child/
Складност ЗнакНајголема складност / рамнотежа (првотретинска група)СкладностНескладност/ соперник-непријател-попречувач (спротивен знак) змеј змеј, мајмун, стаорец, петел змија, вол, свиња, зајак, коза, тигар, коњ куче Циклус: (третинска група) — на змејот му треба мајмунот, на мајмунот му треба стаорецот, на стаорецот му треба змејот; (спротивен знак) но неговиот соперник му се спротивставува на кучето.
Основни астролошки елементи Земски гранки: ченПет елементи: земјаЈин-јанг: јангМесечев месец: третСреќни броеви: 1, 6, 7; Се избегнуваат: 3, 8, 9Среќни бои: жолта; Се избегнуваат: сина, зеленаГодишно време: пролет
Однос со другите знаци Од сите дванаесет знаци, мајмунот најдобро се разбира со змејот. Итриот стаорец може да биде добар ортак на змејот кога сакаат да постигнат нешто големо. Оние чиј знак е змејот можат среќно да живеат со змијата, бидејќи таа ја спречува неговата разузданост. Лицата чи знаци се петелот, змијата, свињата, зајакот, козата, тигарот и коњот се пријателски наклонети кон змејот, бидејќи ги ценат неговото држење и неговата сила.
Два змеја добро се сложуваат бидејќи лежат по цел ден. Меѓутоа, односот помеѓу змејот и волот и необично напнат, бидејќи обата знака се величествени. Змејот им задава главоболки на кучињата, кои негодуваат во негово присуство поради нивниот чуварско-стражарски карактер.
Поврзано Кинески змеј Змеј — соѕвездие од европската астрономија
Наводи
Надворешни врски
Страница за змејот — Астромагазин
Категорија:Кинески хороскопски знаци Категорија:Змејови