Ѓорѓи Мијаков попознат како Катиљ Ѓорѓи (, , Мариовско –) — познат ајдук во Мариовско за време на османлиското владеење. За него е напишана песната „Болен лежи катиљ Ѓорѓи“.Ѓорѓи Мијакоски на Олд Прилеп
Животопис Ѓорѓи Мијаков е роден во мариовското село Брник во 1875 година. Грчките андарти, по кодошлак на нивните јатаци од семејството Кормаци од Мариово, му ги убиле сите браќа, освен најмалиот, кој бил испратен како подарок на сестрата на грчкиот капетан, која била бездетна. Другите браќа биле заклани и закопани во дворот на некоја црква во Беломорска Македонија.
За време на Првата светска војна, Бугарите во Мариово, покрај своите полициски и воени сили, врбувале и некои комити и ајдуци со свои групи, на кои како селски милиции им давале неограничена власт над селата. Во тоа време Ѓорѓи Мијак бил поставен за селски кмет во Брник. Ѓорѓи користејќи ја новостекнатата власт што му била дадена, во знак на одмазда за семејната трагедија, жестоко им се одмаздил на поранешните грчки јатаци низ Мариово.
Наводи
Надворешни врски Текст на „Болен лежи катиљ Ѓорѓи“ Болен лежи катиљ Ѓорѓи во изведба на Борче Крстевски
Категорија:Македонски ајдуци Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија