Саун Томе (португалски: São Tomé, „Свети Тома“) е остров во африканската држава Саун Томе и Принсип. Островот има вкупна површина од 854 км2 и воедно е најголем остров во државата. Според податоците од мај 2018 година на островот живееле околу 193.380 жители, или 96% од вкупното население на државата. Островот е поделен на четири окрузи. Саун Томе се наоѓа на 2 км северно од екваторот.

Географија Саун Томе има должина од 48 километри, а ширина од околу 32 километри. Највисока точка на островот е 2.024 метри, односно „Врвот Саун Томе“. Таму се наоѓа главниот град на државата, Саун Томе. Најблизок град на континентална Африка од Саун Томе е Порт Гентил во Габон, кој е оддалечен 240 километри источно. Околу островот има голем број малечки островчиња, меѓу кои Ролас, Кабрас и Габадо.

Јазик Главен административен јазик на островот (и во државата) е португалскиот. Сепак, на островот се зборуваат и португалските креолски јазици, анголски и фороански.

Геологија Островот е всушност масивен вулкански надморски израсток, вулкан кој излегува од Атлантскиот Океан. Вулканот има 3000 метри под нивото на морето. Овој е дел од вулканите кои се протегаат од Камерун до Атлантскиот Океан. Најмладите карпи на островот се стари 100.000 години.

Административна поделба

Саун Томе е поделен на шест окрузи (окружните седишта се во заграда): Агва Гранде (Саун Томе) Кантагало (Сантана) Кауе (Сао Жоао дос Анголарес) Лемба (Невес) Лобата (Гвадалупе) Ме-Зоши (Тринидад)

Галерија

Наводи

CIA Word Fact Book

Категорија:Острови во Саун Томе и Принсип