Основно училиште „Дитурија“ (во минатото: Основно училиште „Драга Стојановска“; официјално: Основно општинско училиште „Дитурија“ - Чифлик; скратено: ООУ „Дитурија“) — централно основно училиште во скопското село Чифлик, Општина Сопиште.
Денес, името на училиштето доаѓа од албанскиот збор „дитурија“ што означува Знаење, додека во минатото било именувано по македонската револуционерка и учесничка во НОБ Драга Стојановска.
Историја
Училиштето било создадено во 2023 година со одвојување на подрачното училиште во селото Чифлик од постоечкото основно училиште „Драга Стојановска“ од селото Ракотинци.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Дитурија“ - Патишка Река, подрачно училиште; и ПУ „Дитурија“ - Света Петак, подрачно училиште.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Сопиште Категорија:Чифлик (Општина Сопиште) Категорија:Училишта посветени на Дитурија Категорија:Основни училишта во Македонија