Утопија — замислена заедница или општество што се одликува со посакувани или речиси совршени квалитети на нејзините членови. Изразот „утопија“ прв го употребил Томас Мор во неговата книга „Утопија“ од 1516 година, опишувајќи измислен остров во јужниот дел на Атлантскиот Океан во близина на брегот на Јужна Америка. Спротивен збор на „утопија“ е „дистопија“.

Поим Поимот утопија се однесува на различни одлики што се однесуваат на економијата, владата и правдата, а чии методи и структура се разликуваат во зависност од идеологијата. Лиман Тауер Сарџент тврди дека природата на утопијата е противречна сама по себе зашто општествата не се хомогени, желбите на нивните членови се конфликтни и поради тоа не можат да се задоволат истовремено. Според Сарџент:

Постаојат социјалистички, капиталистички, монархистички, демократски, анархистички, еколошки, феминистички, патријархални, егалитарни, хиерархиски, расистички, левичарски, десничарски, реформистички... и многу други утопии... Утопизмот, според некои, е суштински за унапредување на човечката состојба. Но, ако се употреби погрешно, тој стануав опасен.

Утопијата како мотив во уметноста и во популарната култура „Утопија“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 209-211-212. „Утопија“ (Utopia) — албум на исландската музичарка Бјорк (Björk) од 2017 година.

Наводи

Категорија:Неологизми Категорија:Идеализам Категорија:Социологија Категорија:Грцизми