Комас (англиски, африкаанс и германски: Khomas) е еден од 14-те региони во Намибија. Името на регионот потекува од висорамнината Комас, географска одлика која е доминантна во овој регион.

Географија Центар на Комас е Виндхук и поради тоа овој регион е со најдобра инфраструктура и најголем развој во државата. Регионот е скоро целосно во висорамнината. На запад и северозапад се наоѓа регионот Еронго, на север Очозондјупа, на исток Омахеке и на југ регионот Хардап. Во регионот има многу долини. Комас е еден од трите региони во државата кои немаат излез на море или делат меѓународна граница. Овој регион има вкупна површина од 36,964 км2 или 4,5% од вкупната површина на Намибија. Во однос на бројот на жителите, овој регион е најнаселен.

Административни единици Регионот е составен од 10 административни единици:Khomas constituencies at the Electoral Commission of Namibia Џон Пандени Централна Катутура Источна Катутура Северен Комасдал Мосес Самора Машел Тобијас Хајњеко Западен Виндхук Источен Виндхук Рурален Виндхук

Развој Комас е економски, инфраструктурно и транспортно најразвиен во државата. Во регионот има над 100 училишта со околу 73,302 ученици (податоци за 2013 година).

Население Според пописот од 2001 година, Комас имал население од 250,262 жители со годишен раст од 4%. Стапката на плодност во регионот била 4,9 деца по жена. Околу 93% од населението на регионот живее во урбана средина. Густината на населението била 6,8 лица на километар квадратен. Една третина се Белци и „обоени“.

Најчесто говорен јазик во државата е овамбоанскиот (37% од домаќинствата), потоа следуваат африкаанс (24%), намански (13%) и херерски (9%). Покрај овие, во регионот се зборуваат и англиски и германски.Tonchi, Victor L., William A. Lindeke, and John J. Grotpeter, "Khomas Region" Historical Dictionary of Namibia. 2nd edition. Toronto: The Scarecrow Press, Inc, p. 211. Писменоста во регионот е 94%.

Поврзано Намибија Региони во Намибија Виндхук

Наводи

Надворешни врски

Комас на TripAdvisor

Категорија:Комас Категорија:Држави и територии настанати во 1992 година