Стара Црква — населба и некропола од доцноантичко време и средновековна црква со некропола. На 500 метри западно од селото Владиловци, од левата страна на патот што води кон селото, на површина од 0,7 хектара, при обработувањето на земјата се пронајдени ѕидови на повеќе објекти, а по површина се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и камени блокови. Видливи се и гробови со конструкција од камени плочи и тегули. Според преданието на мештаните, овде имало црква.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Јасеново — некропола од римско време

Наводи

Категорија:Владиловци