Основно училиште „Лирија“ (порано: Основно училиште „Злате Дамјановски“; службено: Основно општинско училиште „Лирија“ - Вруток; скратено: ООУ „Лирија“) — централно основно училиште во гостиварското село Вруток, Општина Гостивар.

Името на училиштето доаѓа од албанскиот збор „лирија“ што означува Слобода.

Историја

Училиштето е основано во 1945 година од страна на НОО Гостивар, под името „Вардар“ како неполно осумгодишно училиште, а од 1951 година, станува полно основно училиште. Во 1967 година, училиштето го сменило своето име во Злате Дамјановски.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на албански и македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Лирија“ - Равен, подрачно училиште; и ПУ „Лирија“ - Речане, подрачно училиште.

Во минатото во состав на ова училиштето работеле и училиштето во селото Дуф,Архивски фондови и збирки, Скопје 2006, стр. 37 но по промените во територијалната организација, истото во 2005 година била пренесено како подрачно училиште на ОУ „Денче Дејаноски“ - Маврови Анови.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Гостивар Вруток Категорија:Вруток Категорија:Основни училишта во Македонија