Грешка од типот dt (холандски: dt-fout) најчесто се случуваат на крајот на конјугирани холандски глаголи. Грешката се случува затоа што на крајот на зборот, d, t и dt сите звучат како [t].

Со цел да се избегне ваквата грешка, постојат таканаречени ти-правила (холандски: thee-regels, од зборот thee кој значи чај) со кои може да се одреди дали втора чиност еднина/множина и прва и трета личност еднина при конјугација заврпшуваат на наставката -t или не. Ваквите правила се поврзани со таканареченото правило 't kofschip, кое се користи за одредување на формите во минато на глаголите и нивните партиципни форми.

Примери за грешки од ваков тип се прикажани во следните реченици: Ik wordt leraar wiskunde (превод: Јас сум наставник по математика, правилната конјугација е: ik word leraar wiskunde); hij antwoord me nooit (превод: тој никогаш не ми одговара, точната форма е: hij antwoordt me nooit).

Позадина Во холандскиот јазик постои обезвучување на звучните согласки на крајот на зборот: 5 согласки (односно b, d, v, z, g) стануваат безвучни на крајот на зборот (односно се изговараат како p, t, f, s, ch). звучните согласки b, d и v, z, g соодветствуваат на нивните безвучни сопарници p, t и f, s, ch (примери: krab (рак), land (земја) и leeg звучат како krap, lant и leech); Зборови кои завршуваат на наставките -v или -z (како Tsjechov (Чехов), fez (фез)) и притоа се зборови од туѓо потекло, географски поими, сопствени имиња или акроними. Примери: azimov (азимовски), suv (спортско возило), quiz (квиз). Холандски зборови кои завршуваат на фрикативните никогаш не се пишуваат како звучните парови (-v, -z). примерите прикажани погоре посочуваат дека правописот на трите звучни согласки (-b, -d, -g) не се менува. Накратко, покрај наставките -v en и -z можат сите други букви да се појават како последна согласка во холандски збор.Зборови кои завршуваат на согласките се ретки, од туѓо потекло, посочуваат лични имиња или акроними.

dt грешки Грешки dt се разликуваат од горенаведените примери и ваквиот тип правописни грешки се појавуваат во следниве случаи: последната буква од конјугираната форма на слабите глаголи (и крајот на придавки кои се изведени од партицип на слаби глаголи); наставката -d којашто звучи како -t: последниот звук „-t“ може да се напише како -t, -d или -dt; судир помеѓу последната буква (не глас) и коренот на глаголот со глаголската наставка за соодветната личност или партицип или пак од нив изведената придавка, имено -t или -d. Асимилација или взаемна адаптација на гласовите го одредува правописот.

Грешка од типот dt се случува во следните случаи: формата во еднина на сите глаголи во минато совршено време onvoltooid tegenwoordige tijd еднински и множински форми на слаби глаголи во конјугирани во имперфект партиципот (и од него изведената придавка)

Наводи

Категорија:Граматика на холандскиот јазик