Венцендорф () — општина во округот Харбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Географија Местоположба

Општината Венцендорф се наоѓа околу 30 километри југозападно од Хамбург. Реката Есте поминува во општината.

Општински единици

Кон општината Венцендорф припаѓаат местата:

Дирсторф Дирсторф-Хајде Клауенбург Венерсторф Венцендорф

Леталиште

Леталиштето Венцендорф се наоѓа околу 2 километри југоисточно од главното село.

Фабрика

Во 1934 година, „Хамбургер Флугцојгбау“ започнала со изградба на првата фабрика за воздухоплови во Венцендорф и изградиле огромен аеродром за тест-летови. Фабриката започнала со работа во 1935 година.Hermann Pohlmann; Chronik Eines Flugzeugwerkes 1932-1945, Motorbuch, 2nd Impression, 1982. (германски).

Кратко потоа претпријатието го променило своето име како на фирмата-мајка, Блом и Фос.

На 6 октомври 1944 година, фабриката била сериозно оштетена во напад на американските воздухопловни сили и три месеци подоцна била скоро целосно уништена во втор напад.RonaldV; "Wenzendorf", Abandoned, Forgotten & Little-Known airfields in Europe.Flugzeugwerk und Flugplatz Wenzendorf (германски)

Денешна употреба

Денес, леталиштето е со многу помала површина. Има една тревната писта во должина од 750 метри.

Некои од старите градби на фабриката биле претворени во дом за стари лица.Eighth Air Force Historical Society

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Харбург (округ)