мини|Оригиналното лого на филмот À bout de souffle (1960), преземено од оригиналниот постер „Без здив“ (француски: À bout de souffle) — француски филм од 1960 година, во режија на Жан-Лик Годар по сценариото на Франсоа Трифо. Главните улоги ги толкуваат: Жан-Пол Белмондо, Џин Себерг, Даниел Буланже, Анри-Жак Уе, Жан-Пјер Мелвил, Ришар Балдучи, Жан-Лик Годар. Филмот бил награден со „Сребрена мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал.IMDb, Breathless (1960) Awards (пристапено на 21.7.2020)
Содржина Мишел (го игра Белмондо) вози украден автомобил со голема брзина поради што го брка полициска потера. Притоа, тој убива еден полицаец, а потоа заминува во Париз каде посетува неколку познаници. Таму ја среќава Американката Патриција (ја игра Себерг) и се сместува во нејзината хотелска соба. Во меѓувреме, весниците известуваат за убиството, а полицијата го идентификува Мишел и започнува потрага по него.IMDb, Breathless (1960) (пристапено на 21.7.2020) Еден случаен минувач на улицата го препознава Мишел и го пријавува и полицијата, која ја испрашува Патриција. Таа успева да му побегне на полицискиот агент и го предупредува Мишел. Тој краде неколку автомобили, а потоа се среќава со Антонио (го игра Уе), кој треба да му предаде одреден износ пари што треба да му овозможат на Мишел да побегне во Рим. Мишел и Патриција се кријат во еден стан, но Патриција се јавува во полицијата и потоа му кажува на Мишел дека го предала. Иако има можност да побегне, Мишел решава да остане. Полицијата пристигнува во мигот кога Антонио му ги предава парите и пука во него. Смртно ранет, Мишел трча по улицата, следен од Патриција, но на крајот паѓа и умира.
Наводи
Категорија:Француски филмови Категорија:Филмови на француски јазик Категорија:Филмови од 1960 година Категорија:Култни филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови на Жан-Лик Годар Категорија:Филмови со Жан-Пол Белмондо Категорија:Филмови со Џин Себерг Категорија:Филмови со Жан-Лик Годар Категорија:Филмови со Даниел Буланже Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Париз Категорија:Криминалистички филмови Категорија:Филмови на англиски јазик