Американски геофизички сојуз (АГС, ) е непрофитна организација за геолози, хидролози, океанографи, атмосферски, планетарни и вселенски научници со повеќе од 60.000 члена од 137 земји. Активностите на АГУ се во насока на организација и распространување на научни информации во меѓудисциплинарни и меѓународни области на науките за Земјата и вселената. Геофизичките науки покриваат четири основни области: атмосферски и океански науки, науки за Земјината кора, хидролошки науки и вселенски науки. Седиштето на АГУ е на авенијата „Флорида“ во Вашингтон, САД.
Надворешни врски
Официјално мрежно место: http://www.agu.org/
Наводи
Категорија:Научни друштва во САД