мини|десно|Фигурината Адам од Македонија. Церје — археолошко наоѓалиште кај скопското село Говрлево. Претставува населба од неолитското време и се наоѓа на 2 км југоисточно од селото, помеѓу Чифличка Река од исток и Церешка Река од запад.

Населбата е случајно откриена во 1981 г. а од 1982 г. започнале систематски ископувања. Во длабокиот културен слој е пронајдена повеќеслојна населба со шест хоризонти на живеење. Најстариот хоризонт (I) е од времето на раниот неолит, напореден на праисториската култура Анзабегово-Вршник I, хоризонтите II-IV се од средниот неолит, напоредни на Анзабегово-Вршник II-IV, а последните два хоризонти се од доцниот неолит, идентични на културата Зелениково II.

Откриени се три куќи за живеење, од дрво и кал, со димензии од 4,5 × 4,5 м, поделени на две простории.

Позначајни наоди Адам од Македонија

Во 2000 г. во Церје ова место археологот Милош Билбија пронашол исклучително реалистична фигурина на машко торзо големо културно значење, која ја нарекол „Адам од Македонија“ (позната и како Адам од Говрлево), и за која се смета дека датира од VI милениум п.н.е. Денес артефактот се чува во Музејот на Град Скопје.

Древно писмо На наоѓалиштето е се откриени и артефакти со знаци налик на глаголицата, но кои сѐ уште не се дешифрирани.Обид за смисловно толкување на писмото од Церје и други стари натписи во Македонија Некои овие знаци ги сметаат за едно од најстарите писма на светот.

Поврзано Археолошки наоѓалишта во Говрлево

Препорачана литература

Наводи

Надворешни врски Неолитска населба Церје - Говрлево , Музеј на Град Скопје