Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците (наречено и само Министерство за односи меѓу заедниците) — министерство во Владата на Македонија.
Надлежности Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ги врши работите што се однесуваат на: функционирање на политичкиот систем обезбедување и координација на поддршка на Владата во реализација на стратешкиот приоритет поврзан со обврските кои произлегуваат од Рамковниот договор обезбедување и реализација на финансиски средства потребни за успешно одвивање на процесот на реализација на обврските кои произлегуваат од Рамковниот договор во рамките на Буџетот на Република Македонија и од дарителите обезбедување на координација и усогласување на работата на органите на државната управа за спроведување на Рамковниот договор унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците како група на државјани на Република Северна Македонија, а која традиционално живеат на територијата на Република Северна Македонија, при што нејзините припадници имаат различни етнички, јазични, културни, религиозни или други особености и ги води желбата за заштита и негување на тие особености следење на спроведувањето на правото на употреба на јазиците и писмата на заедниците гарантирање на заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на заедниците меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на политичкиот живот и односите меѓу заедниците други прашања што се однесуваат на политичкиот живот и односите меѓу заедниците соработување и усогласување на податоците од евиденцијата во своја надлежност со Државниот завод за статистика соработување и вршење на стручни работи за потребите на органите на државната и локалната власт, во дипломатски и конзуларни претставништва на Република Северна Македонија и во другите државни органи основани согласно со Уставот и со закон и во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје следење на состојбата во односите помеѓу заедниците во Република Северна Македонија на национално ниво, по региони и во единиците на локалната самоуправа и изготвување извештаи и препораки до Владата на Република Северна Македонија, како и до Комитетот за односи меѓу заедниците давање на поддршка на институциите во остварувањето на обврските од овој закон промовирање и преземање на мерки за унапредување на употребата на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија подготвување на стручно-аналитички материјали од своја надлежност за потребите на Владата на Република Северна Македонија давање на стручни мислења по материјалите кои се во функција на спроведување и унапредување на употребата на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија давање на поддршка на Владата во обезбедување на правичната и соодветната застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната управа давање на поддршка во подготвувањето на методологија за донесување на акциони планови на Владата во областа на правичната застапеност при вработувањето давање на поддршка во координација на активностите со органите на државната управа и со дарителите и врши и други работи утврдени со закон.
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место
Категорија:Министерства на Република Македонија