Златица или Плавица — рудник од римско време. На 2 км југозападно од селото Гризилевци, помеѓу реките Плавица и Киселица. Под високиот рид Плавица била откриена рударска јама. На 20 метри од влезот во јамата, откриени биле два профили на кои биле издлабени релјефни претстави. На едната бил претставен античкиот јунак Херакле, а на другата била претставен рудар со чекан и клин.

Наводи

Поврзано Гризилевци; Список на археолошки наоѓалишта во Пробиштипско;