Омахеке (Omaheke) е еден од четиринаесетте региони на Намибија. Административен центар на регионот е Гобабис. Регионот се наоѓа во источна Намибија и ја зафаќа пустината Калахари, односно намибискиот дел на пустината. Името потекнува од херерскиот и значи „песочен велд“.
Административна поделба Регионот е составен од седум административни единици:Omaheke Region Constituencies Electoral Commission of Namibia Херероланд (апертхајдскиот бантуленд) е дел од овој регион.Region of Namibia Namib Web Аминиус Епукиро Гобабис Калахари Очинене Очомбинде Стајнхаузен
Инфраструктура Економски, административен и културен центар на регионот е Гобабис. Градот има добра поврзаност со Виндхук, преку патишта и железница. Сите населени места во регионот се поврзани со Гобабис. Има добра инсфраструктура, како на пример полициски департман, две болници, клиника, образовни институции и сличо.
Демографија Населението е претежно сточарско. Во регионот има 42 училишта со 18.365 ученици.
Невработеноста во регионот за 2012 година била 34.1%.
Според пописот од 2011, 43% од населението зборувале херерски јазик, 30% намански јазик и 8% африканс.
Наводи
Надворешни врски
Омахеке на InfoNamibia.
Категорија:Омахеке Категорија:Држави и територии настанати во 1992 година