Омусати (Omusati) e еден од четиринаесетте региони на Намибија. Административен центар на регионот е градот Оутапи. Името на регионот потекнува од овамбоанскиот збор за дрвото мопане, кое пак вирее во регионот.
Географија Регионот се наоѓа во северна Намибија. Во регионот се наоѓаат и водопадите Руакана, кои се високи 120 метри и широки 700 метри. Дополнително, во регионот се наоѓа и Омугулугвомбаше, местото кое одиграло значајна улога при борбата за независност на Намибија. На север регионот се граничи со Ангола, на северозапад со Охангвена, на исток со Ошана а на југ и запад со Кунене.
Административна поделба Регионот е составен од 12 административни единици:
Анамуленге Елим Етаји Огонго Окахао Окалонго Онеси Ошикуку Отаманзи Оутапи Руакана Цанди
Наводи
Надворешни врски
Контакт-информации за Омусати
Категорија:Омусати Категорија:Држави и територии настанати во 1992 година