Рамиз Зекир (роден на година во ) — македонски и југословенски кајакар.
Настапувал заедно со Усни Доко каде заедно членувале во ВК „Стрмец“ во Охрид, каде што во 1948 година учествувале на првенствата на Југославија во кајак двосед (К–2) на мирни води. Освоиле прво место на 1000 м во 1952, три први места на 500, 1.000 и 10.000 м, а во К–4 на 500 м второ место во 1953 година. Самостојно освоил и прво место во К-1 на 500 м (1950). Во екипна конкуренција освоиле: второ (1950 и 1952), прво (1954) и три трети места (1948, 1949 и 1953). Настапиле за Репрезентацијата на Југославија на Светското првенство на мирни води во Макон (Франција, 1954), а во К-4 го освоиле деветтото место.
Наводи
Категорија:Македонски кајакари Категорија:Македонски Албанци