Ангел Шурев ( во — во ) — познат македонски и југословенски диригент.
Животопис
Во 1956 година дипломирал диригирање на Музичката академија во Белград кај професорот Живоин Здравковиќ, а се усовршувал во Италија на Римската академија „Санта Чечилија“.
Диригентската кариера ја започнал во Операта на МНТ во периодот 1956-1960. Најголем дел од својата дејност ја поминал во Белград, во Белградската опера (1960-1967), како уметнички раководител и диригент на уметничките ансамбли на Домот на ЈНА (1967-1977), а во 1977 до 1998 година диригент и директор на Белградската филхармонија.
Како диригент настапувал во повеќе земји на Европа, Азија и Америка, изведувајќи оперски, балетски и симфониски дела од својот репертоар, со посебно пропагирање на југословенското и македонското творештво. Реализирал голем број снимки на електронските медиуми.
Именување
Во неговиот роден град Велес во 2019 година бил основан градскиот камерен оркестар, кој бил наречен по него.
Наводи
Категорија:Македонски диригенти Категорија:Југословенски диригенти Категорија:Погребани во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта (Белград)