Велогат — археолошко наоѓалиште во селото Калиманци, сместено во непосредна близина на маалото Игнатовци. Претставува населба од доцноантичко време. Во нивите на мештани се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал, а се забележуваат и темели од објекти.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Виничка Скала — доцноантичка населба; Горица — некропола од римско време; Манастириште - Студењак — населба од римско време; Остовец — средновековна црква; Русалски Гробишта — некропола и тумул од железно време; Студењак — доцноантичка населба; Царевец — населба и некропола од римско време; и Цинцов Рид — населба од римско време.
Наводи