Калајџиево — археолошко наоѓалиште во близина на виничкото село Блатец - населба и могила од римско време.
Се наоѓа на 5 км југоисточно од селото, на левиот брег на Блатечка Река, на простор од 4 хектара. На површината се среќаваат фрагменти од ќерамички садови, а според исказите на А. Чекани од Блатец, биле најдени метални делови од запрежна кола.
Могилата е оштетена така што не можат да се одредат димензиите.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 97, ISBN 9789989101069. Поврзано Грамади — населба со некропола од римското време; Ирин Дол — могила од римското време; Калe — градиште од римското време; Мојмија — тумул од железното време и населба од доцната антика; Рачи Брдо — могила од римското време; Света Недела — могила од римското време; Селиште — населба од римското време; Црквиште — населба од доцноримското време; Чуката — могила од римското време; Блатец; Список на археолошки наоѓалишта во Виничко.
Наводи