Славе Иванов (роден во година во - починал на година во ) — македонски револуционер, припадник на ВМРО и на МФО.
Животопис
Славе Иванов во Балканските војни бил секретар на војводата Иван Јанев-Брло и доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 27, 893, 894. Во 1914 година го убил обвинетиот србоман Стефан Дедов..
По Првата светска војна емигрирал во Бугарија, влегол во ВМРО и станал близок соработник на Тодор Александров. Во 1919 година е еден од организаторите на бегството на Александров од затворот.Добринов, Дечо. Последният цар на планините. Биографичен очерк за Тодор Александров 1881 – 1924, Македония, София, 1992, стр. 90.
Поради несогласувањето со Александров се повлекол од ВМРО (1921) и формирал нова организација (Македонска федеративна организација). Соработувал со земјоделската влада на Александар Стамболиски и со Кралството на СХС, поради кое бил осуден на смрт од страна на ВМРОШанданов, Петър, Богатство ми е свободата, ИК Гутенберг, София, 2010, стр.114-116.. Во јуни 1923 година заедно со Филип Атанасов бил дел од делегацијата на МФО во МоскваДобринов, Дечо. Последният цар на планините. Биографичен очерк за Тодор Александров 1881 – 1924, Македония, София, 1992, стр. 101.
Во 1923 емигрирал во Виена и како претставник на МФО се вклучил во ВМРО (Обединета) заедно со Филип Атанасов и Тодор ПаницаКолектив. Македония история и политическа съдба, Том II, ИК Знание, София, 1998, стр.109, 119.. Участвувал во преговорите за потпишување на Мајскиот манифест во 1924 година.
Во 1948 година бил осуден од југословенските судски власти.
Наводи
Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Дејци на ВМРО (Обединета) Категорија:Дејци на ВМОРО