Основно училиште „Свети Кирил и Методиј“ (официјално: Основно општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“ - Кочани; скратено: ООУ „Свети Кирил и Методиј“) — централно основно училиште во градот Кочани, Општина Кочани.
Училиштето е именувано по словенските просветители Свети Кирил и Методиј.
Во склоп на матичното училиште работат и две подрачни училишта во Горни Подлог и во Бели.
Историја
Училишната зграда била изградена во 1970 година, чиј архитект бил Радомир Лаловиќ. Според изворите на самото училиште и Општина Кочани, зградата била изградена во 1974 година.
Училишната зграда првично била наменета за ОУ „Моша Пијаде“. Во 1983 година, „Моша Пијаде“ се преселило во зградата.
Со препорака на Извршниот совет на Општина Кочани, тогашниот ОСИЗ за основно образование и воспитание од овој град, била донесена одлука за создавање на ново посебно училиште (ОУ „Кирил и Методиј“) од постојното „Моша Пијаде”. Училиштето било основано од страна на Општина Кочани, и установата била верифицирана со Решението 13 – 6487 од 20 декември 1985 година, од страна на Секретаријат за општествени дејности на ИС на СО Кочани.
Според интегралната евалуација направена во ноември 2019 година, училиштето имало 969 ученици од кои 483 биле машки, а 486 биле женски. 63 лица биле наставници.
Во периодот помеѓу годините 2020 до 2022 година, училиштето имало 36 паралелки.
Досегашни директори
Даниел Кралев
Особености
Внатрешната површина на училиштето е 3.740 м2. Дворот зафаќа 3.145 м2. Спортските терени и игралишта зафаќаат 800 м2.
Архитектура на училишната зграда
Обликувањето на градбата е образувано павилјонски, со така наречени гроздови со интегрирани празници – пација, кои се поврзани со линиски коридори. Средишното место во комплексот и го зазема алулата со нејзината повеќефункционална намена и кружење. Како расчленети функции, но со исто формално обликување се јавуваат училниците за 7-10 години, училниците за 11-14 години, техничките училници над аулата на кат и спортската сала.
Конструкцијата и фасадната обработка е од изложен (натур) армиран бетон, со керамидна покривна покривка која му дава посмирена однос и пристап со околината. Првичната зелена дрвена браварија е заменета со бели ПВЦ прозорци.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
ПУ „Св. Кирил и Методиј“ - Бели, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Св. Кирил и Методиј“ - Горни Подлог, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Поранешно службено мрежно места на ОУ „Кирил и Методиј“
Категорија:Основни училишта во Кочани Категорија:Основни училишта во Општина Кочани Кочани Категорија:Дела на Радомир Лаловиќ Категорија:Појавено во 1985 година во Македонија Категорија:Појавено во 1985 година во Југославија Категорија:Основни училишта во Македонија