Општина Мешеишта — поранешна општина во Југозападна Македонија, создадена во 1996 година, а престанала да постои според законот за територијална поделба на Македонија во 2004 година, кога заедно со поранешната Општина Белчишта и дел од територијата на Општина Охрид ја создале новата Општина Дебрца. Центар на општината било селото Мешеишта.
Населени места Во Општина Мешеишта спаѓале следниве села: Волино, Горенци, Климештани, Мешеишта, Оровник и Требеништа.
Демографија Заедно со Општина Белчишта, Општина Мешеишта според пописот од 2002 година го има следниот состав на население:
жители 5.507 Македонци 5.323 (96,68%) Албанци 153 Турци 2 Срби 8 останати 20
Статистички податоци кои се водат и одделно за Општина Мешеишта и Општина Белчишта според пописот од 2002 година, етничкиот состав е следен:
Националност Општина Мешеишта Општина Белчишта Македонци 2.403 2.921 Албанци 153 0 Турци 2 0 Роми 0 0 Власи 1 0 Срби 2 6 Бошњаци 0 0 останати 6 13
Наводи
Поврзано
Општини во Македонија Општина Дебрца Мешеишта
Мешеишта Мешеишта Мешеишта