Меланин (од мелас, „црн, темен“) е широк термин за група на природни пигменти кои се наоѓаат кај повеќето организми. Меланинот се произведува преку повеќестепен хемиски процес познат како меланогенеза, каде што оксидацијата на аминокиселината тирозин е проследена со полимеризација. Меланинските пигменти се создаваат во специјализирана група на клетки познати како меланоцити.
Постојат три основни типа на меланин: еумеланин, феомеланин и невромеланин. Најчестиот вид е еумеланин, од кој постојат два вида - кафеав еумеланин и црн еумеланин. Феомеланин е цистеински дериват кој содржи полибензотиазински делови, кои се главно одговорни за бојата на црвената коса, меѓу другите пигменти. Невромеланинот е присутен во мозокот. Вршени се истражувања за да се испита неговата ефикасност во лекувањето на невродегенеративни нарушувања како што е Паркинсон.
Наводи
Категорија:Боја на косата Категорија:Кожа Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ