Коле Бендевски (, – , ) – македонски првоборец и општественик.
Животопис Коле Бендевски е роден во село Ѓавато, Битолско на 17 јуни 1908 година. На петнаесетгодишна возраст заминал печалбар во САД, работејќи како возач-таксист и работник во железарница во Гери и во Чикаго и се запознал со комунистичката идеологија. Поради илегалниот престој, бил уапсен и спроведен во затворите во Њујорк и на островот Њуфаундланд, а потоа депортиран во Солун (1932). По враќањето работел како автопревозник, а политички се активирал во времето на изборите (1938) и потоа станал член на КПЈ (1939). Како активист на НОАВМ, бил уапсен (1942–1944) во затворите во Битола, Скопје и Идризово, по што заминал како борец на Седмата македонска НО бригада.
По Ослободувањето бил директор на автосообраќајните претпријатија во Битола и во Скопје, началник на Возниот парк на Владата на НРМ, директор на „Македонија пат“ и е пензиониран како началник во Автосообраќајното училиште „Боро Петрушевски” во Скопје (1964). Носител е на Партизанска споменица од 1941.
Творештво Во Скопскиот централен затвор, „13 Ноември“, Ⅹ, 10, Скопје, 1971; Лажни сведоци, Оковани во пранги, Скопје, 1981; Формирањето и работата на првата партиска ќелија во селото Ѓавато 1941 и 1942 година, Битола и Битолско во НОВ 1941 и 1942, кн. втора, Битола, 1978; (соавторство со Тодор Чаталовски и Мијал Грбевски) Учеството на ѓаваштани во акцијата на с. Кажани, Битолските народноослободителни партизански одреди, Битола, 1982; (соавторство со Тодор Чаталовски и Мијал Грбевски); Револуционерната дејност на Трајан Белев-Гоце, Битола и Битолско во НОВ 1943–1944, кн. втора, Битола, 1982, (соавторство со Тодор Чаталовски и Мијал Грбевски);
Наводи
Категорија:Македонски борци Категорија:Македонски општественици Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941